Лидс јунајтед се пред трансфер на дефанзивецот на Реал Сосиедад, Диего Љоренте за околу 25 милиони евра, откриваат шпанските и британските медиуми.
Марсело Биелса сака да ја засили одбраната на „Белите“, откако во првите два меча од Премиер лигата примија седум гола – 3:4 пораз од Ливерпул и 4:3 победа над Фулам. 27-годишниот Љоренте има откупна клаузула од 50 милиони евра во договорот со Сосиедад, којму трае до 2022 година.
Љоренте е поранешен фудбалер на Реал Мадрид, кој не успеа да се наметне во тимот, но од преселбата во Сан Себастијан во 2017 стана стандарден првотимец, со 88 настапи и 8 гола за Сосиедад. Монако претходно ова лето нудеа 15 милиони евра а него.