Top Sport

Андреску ја отпиша цела сезона 2020

Поранешната шампионка од САД опен, Канаѓанката Бјанка Андреску се повлече од Ролан Гарос и од остатокот од тениската сезона 2020 за да се фокусира на заздравувањето и подготовките за 2021 година.

Светската тенисерка број 7, реши да не ја брани титулата во Њујорк оваа година, и последен турнир и е ВТА финалето во Шенжен минатата година, кога се повлече поради повреда на коленото.

„Направив тешка одлука да ја прескокнам сезоната на земја и ќе паузирам да се фокусирам на моето здравје и на тренинзите. Едвај ја чекам 2021 година, вклучувајќи ја и Олимпијадата и морам да се вратам посилна“, вели 20-годишната Андреску.

Ролан Гарос стартува во недела.

Scroll to Top