Top Sport

Диего Марадона си замина од Ал Фуџаира

Диего Марадона повеќе не е тренер на тимот од Обединетите Арапски Емирати, Ал Фуџаира откако не успеа да обезбеди влез во првата лига.

57-годишниот поранешен аргентински селектор дојде на местото главен тренер на Ал Фуџаира во мај и имаше цел да ги врати во првата лига по двегодишно отстуство, меѓутоа 1:1 ремито со Хорфакан во петокот значи дека тимот не може да заврши повисоко од третото место на табелата.

Ова е вторпат Марадона да биде тренер во ОАЕ, откако една година беше на чело на Ал-Васл, а од 2008 до 2010 година беше аргентински селектор.

Фото: ЕПА

Scroll to Top