Top Sport

Крамариќ со хет-трик ги донесе Хофенхајм на место за ЛШ (видео)

Хрватот Андреј Крамариќ постигна хет-трик за Хофенхајм да стигнат до 3:1 победа над Хановер во првиот меч од 32. коло во Бундеслигата, со која се искачија на неверојатното четврто место со големи шанси да се пласираат во Лигата на шампионите.

Крамариќ погоди во 16., 50. и 86. минута за да ја обезбеди 14. победа на Хофенхајм оваа година во Бундеслигата. Со трите поени, тимот на 30-годишниот тренер Јулијан Нагелсман е на четвртото место во Бундеслигата со два поени помалку од третопласираната Борусија Дортмунд и со еден поен пред Баер Леверкузен.

Овие два тима ги немаат играно своите натпревари, но завршната борба за место во Лигата на шампиони ќе биде интересна во Германија, откако Баерн веќе ја обезбеди титулата пред неколку кола.

Фото: ЕПА

Scroll to Top