Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне побара да се направат промени во летниот преоден рок и тој да крае пократко, откако поголем број на негови фудбалери се поврзувани со трансфери, иако сезоната во Шпанија веќе започна.
Матеуш Куња, Алваро Мората, Жоао Феликс, Антоан Гризман, Јаник Караско и Маркос Љоренте беа поврзувани со можни трансфери од шпанските и англиските медиуми и на Симеоне тоа не му се допаѓа.
„Би било навистина добро за тренерите ако има пократок преоден рок. Не знам за агентите и за клубовите. За нас би било добро да стартуваме со фудбалерите кои ги имаме и кои знаеме дека ќе ги имаме цела сезона, или барем до јануари. Додека пазарот е отворен, има вакви шпекулации кои не се добри“, вели Симеоне.