Top Sport

Диего Симеоне: Манчестер сити немаат историја, тие се новороденче

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне смета дека Манчестер сити се клуб без историја, кој може да се смета како клуб кој е новороденче и покрај тоа што во моментов се актуелен шампион на Англија.

Зборувајќи за историјата на славните европски клубови, тој ги пофали Ајакс, Барселона и Јувентус, додека во исто време „удри“ по градските ривали Реал Мадрид и по Сити.

„Кога еден тренер доаѓа во клуб, мора да ја сфати историјата на клубот. Ако не го направи тоа, тогаш ќе биде лошо. Ако не ја чувствувам таа работа, нема да одам таму. Најздравото нешто за тренер е да се запраша: ’Која е историјата на овој клуб’ и да се прилагоди на тоа. Ајакс имаат дефинирана школа, Барселона, Јувентус и Атлетико Мадрид исто така, но на пример Реал Мадрид го немаат тоа, бидејќи ја прилагодуваат играта на талентот кој можат да го купат. Од друга страна има клубови кои се новородени, како Манчестер сити на Пеп Гвардиола, клуб без историја. Сепак, тој полека го одбележува својот пат“, вели Симеоне.

Scroll to Top