Top Sport

Винс Картер е неуништлив, ќе игра 22. НБА сезона

Винс Картер ќе стане рекордер во НБА лигата, откако на 42 години си најде нов клуб, враќајќи се во Атланта хокс за своја 22. НБА сезона.

Легендарниот 42-годишен Картер со овој договор ќе ги помине Роберт Периш, Кевин Вилис, Кевин Гарнет и Дирк Новицки, со кои досега го делеше рекордот, и извесно е дека ќе стане единствениот кошаркар кој играл во четири децении во НБА, откако своето деби го имаше во 1999 година како играч на Торонто репторс.

Картер минатата сезона одигра 76 натпревари, со просек од 17.5 минути на теренот и 7.6 поени, а беше ментор на младите Треј Јанг и Џон Колинс кај Хокс. Во кариерата тој играше за Торонто, Њу Џерси нетс, Орландо меџик, Феникс санс, Далас маверикс, Мемфис гризлис, Сакраменто кингс и Атланта.

Scroll to Top