Аргентинскиот фудбалски стручњак Диего Симеоне со потпис на нов договор останува во Мадрид, во Атлетико најмалку до 2022 година, откриваат шпанските медиуми.
Претходниот договор на стратегот беше до идната година , но челниците на клубот ја зголемиле платата на Аргентинецот, па тој ја продолжи верноста кон клубот иако имаше најави дека тој ќе ја смени средината.
Симеоне досега со клубот од Мадрид освои вкупно 7 трофеи.