Top Sport

Стеф и Сет Кари ќе се борат за трофејот во тројки на Ол-стар викендот во НБА

Браќата Стеф и Сет Кари ќе се натпреваруваат во шутирање тројки на годинешниот Ол-стар викенд во нивниот роден град Шарлот.

Двајцата се одлични шутери, па ќе имат можност во судирот на светската сцена да покажат кој е подобар.

„Натпреварот во тројки ќе биде забавен со браќата Кари. Знам дека Сет ќе сака да ме победи. Тоа е проблемот“ – изјави додаде Стеф Кари кој е најдобриот кошаркар на Голден Стејт Вориорс.

Тој по шести пат ќе учествува на натпреварот во тројки, а победи на натпреварот во 2015 година.

Неговиот брат Сет, кој игра за тимот на Портланд е втор најдобар тројкаш сезонава во НБА-лигата.

Scroll to Top