Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне по петти пат стана татко, откако неговата партнерка Карла Переира го роди нивното второ дете, девојчето Валентина во клиниката во Мадрид во понеделникот.

Симеоне и Карла се заедно од 2014 година и имаат уште една ќерка, Франческа, а 48-годишниот Аргентинец има уште три сина од претходната сопруга Каролина Балдини, со која се разведе во 2008 година.

Еден од неговите синови, секако, е 23-годишниот Џовани Симеоне, напаѓачот на италијанскиот прволигаш Фиорентина.

 

View this post on Instagram

 

Bienvenida Valentina❤️

A post shared by Diego Pablo Simeone (@simeone) on