Top Sport

Каков фудбал, Луис Хамилтон добива 769.000 фунти неделно од Мерцедес

Иако е врежено мислењето дека фудбалерите (заедно со тенисерите) се спортистите кои заработуваат најмногу, примерот на Луис Хамилтон, петкратниот актуелен шампион во Формула 1 го „фрла“ тоа во вода.

Британецот по долги преговори во јули потпиша договор со Мерцедес до 2020 година, а условите во него се фантастични. Хамилтон добива 30 милиони фунти годишно, со дополнителни 10 милиони фунти „достапни“ преку бонуси.

Ако ова се раздели на годината, 33-годишниот Хамилтон заработува неверојатни цифри – 4.600 фунти по час, 109.000 фунти дневно или 3.333.333 фунти секој месец!  За споредба, ова е 10 милиони фунти повеќе од парите кои фудбалската суперѕвезда Роналдо ги заработува во Јувентус.

„Јас сум дел од тркачкото семејство на Мерцедес веќе 20 години и никогаш не сум бил посреќен“, изјави тогаш Хамилтон.

Секако, нормално е што е среќен.

Scroll to Top