Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне упатил низа комплименти за Диего Коста, по новото „деби“ на натурализираниот Шпанец во Ла Лига.
Диего Коста имаше вистинско шуот на дуелот со Хетафе (2:0). Тој започна во стартниот тим, во второто полувреме во интервал од само шест минути доби жолт картон, постигна гол и поради прославата на голот го доби вториот жолт картон.
„Се фокусирам само на добрите работи кои ги направи Коста. Судијата не е тука за да интерпретира емотивната страна, правилото е такво, но важно е што постигна гол. Исклучувањето е во ред, мораме да ги почитуваме правилата“, рекол Чоло Симеоне.
„Коста ни дава брзина, тој е закана во нападот и внесува страв кај ривалите, се плашат од него. Ќе продолжиме да играме на ваков начин, со поголема напаѓачка закана со Диего Коста и со Витоло“.
Првиот гол на мечот го постигна Анхел Кореа по асистенцијата на Антоан Гризман.