Победата на Атлетико Мадрид над Атлетик Билбао е 309 во кариерата на Диего Чоло Симеоне како тренер на „јорганџиите“.
Симеоне, веќе една деценија е на кормилото на клубот од „Ванда Метрополитано“, на вечната листа тој престигна уште една клупска легенда, Луис Арагонес, кој како тренер на Атлетико забележа 308 победи.
Тимот на Симеоне, славеше над Атлетик 2:1, со головите на Маркос Љоренте и Луис Суарез од пенал, откако претходно гостите од Билабо водеа со голот на Икер Муниан.
Атлетико се лидери на табелата со 62 бода, шест повеќе од Барселона и осум од Реал Мадрид.