Top Sport

Диета на шампиони – Варди вечерта пред натпревар јаде пица и пие пиво

Поранешниот соиграч на Џејми Варди во Лестер, Ричи Де Лет вели дека неверојатниот англиски напаѓач е „придвижуван“ од необична шампионска диета – вечерта пред секој натпревар јаде пица и пие пиво и вино.

Варди оваа сезона влезе меѓу топ 20 најдобри стрелци во Премиер лигата, комплетирајќи го неверојатниот пат од нисколигашки фудбал до титулата од Премиер лигата. Сегашниот фудбалер на Антверпен, Де Лет, вели дека рецептот е невообичаен.

„Секоја вечер пред натпревар, Џејми пие пиво и само јаде пица. Кога го сруши рекордот на Руд ван Нистелрој од 11 меча со гол, вечерта возачот на автобусот ни донесе порто вино кое го сокривме во хотелската соба. Џејми го доврши шишето“, открива Де Лет.

Белгиецот уште повеќе е зачуден од однесувањето на поранешниот дефанзивец на Лестер, Марсин Василевски.

„Марсин беше прекрасна личност. Многу необична, но многу добра. Се сеќавам дека еднаш отидовме во убав ресторан. Одеднаш тој ја грабна чашата и ја гризна! Имаше парчиња стакло во устата и се смееше. Не го разбирав многу“, вели Де Лет.

Scroll to Top