Top Sport

Дилејни со евро-гол му пресуди на Атлетик

Севилја го победи Атлетик Билабо на „Сан Мамес“ со 1:0, во 17.коло. Екипата од Андалузија и по ова коло ќе остане на второто место, во Билбао го освои 34 бод. Атлетик се десетти со 21 бод.

На „Сан Мамес“, Севилја ја преживеа опсадата на Атлетик. Домашните играчи два пати ја погодија стативата, а Раул Гарсија и Муниаин од чисти ситуации не успеаја да го совладаат Боно.

Сите тие нереализирани шанси ги казни Дилејни со евро-гол во 38.минута. За данскиот репрезентативец ова беше првиот гол во дресот на Севилја.

Во вториот дел Севилја успешно се бранеше и на крајот ја одбрани победата.

Scroll to Top