Младиот холандски фудбалер, Жаваиро Дилросун го нападна својот поранешен клуб Манчестер сити, велејќи дека клубот се однесува кој своите фудбалери само како стока за продавање.
20-годишниот Дилросун имаше 12 настапи за бундеслигашот Херта оваа сезона откако во мај оваа година дојде во Берлин сфаќајќи дека за него нема место на „Етихад“. Тој беше дел од У-23 тимот на Манчестер сити, и иако вели дека Пеп Гвардиола имал добро влијание на него, од политиката на клубот не е импресиониран.
„Сити се компанија, а не фудбалски клуб. Фудбалерите се нивната стока за продавање. Немав многу шанси да зборувам лице-во-лице со Гвардиола, но научив многу од него само гледајќи го. Тој ми даде неколку одлични совети кои ме направија подобар фудбалер, и навистина е способен да ја пренесе својата тактика на фудбалерите“, вели Дилросун.
Тој помина четири години во Сити, откако во 2014 година направи трансфер од Ајакс. Добрите игри за Херта му обезбедија и место во холандската репрезентација.
Фото: ЕПА