Top Sport

Романките не се „шегуваат“, ја декласираа Норвешка! (видео)

Романија уште еднаш покажа дека е репрезентација на која мора да се смета на висок пласман на Европското првенство во Франција, откако стигнаа до неверојатна победа од 31:23 над актуелните шампионки Норвежанките, кои одат понатаму само со една победа во групата и без поени!

Романките претходно стигнаа до доминантни победи над Чешка и Германија, но сите очекувања беа дека ќе имаат големи проблеми со доминаторите на европскиот и светски ракомет, Норвежанките.  Кристина-Георгијана Неагу, рекордерката по бројот на голови на Европските првенства, блесна со 11 голови за Романија, за сега да има вкупно постигнато 217 голови на ЕП.

Унгарија исто така лесно ја совлада Шпанија со 32:26 за да „спаси“ два поени кои ќе ги пренесе во групата 2 во втората фаза, каде што Романија и Холандија влегуваат со по 4 поени, Германија и Унгарија со по 2, додека Норвешка и Шпанија без поени.

ЕП ФРАНЦИЈА 2018

ГРУПА Ц

Холандија – Хрватска 34:23 (17:10)

Унгарија – Шпанија 32:26 (19:14)

Табела: 1.Холандија 6, 2.Унгарија 4, 3.Шпанија 2, 4.Хрватска 0.

ГРУПА Д

Германија – Чешка 30:28 (16:16)

Норвешка – Романија 23:31 (12:18)

Табела: 1.Романија 6, 2.Германија 4, 3.Норвешка 2, 4.Чешка 0.

ВТОРА ФАЗА

ГРУПА 1: 1.Русија 4, 2.Србија 2, 3.Франција 2, 4.Шведска 2, 5.Данска 2, 6.Црна Гора 0.

ГРУПА 2: 1.Романија 4, 2.Холандија 4, 3.Унгарија 2, 4.Германија 2, 5.Норвешка 0, Шпанија 0.

Scroll to Top