Top Sport

Димитиревски и Рајо немоќни во Билбао

Столе Димитиревски Рајо Ваљекано потклекнаа на „Сан Мамеш“ во Билбао. Атлетик, во саботата славеше со 3:2.

Атлетик, со пресврт ја забележа четвртата победа во сезоната. Рајо преку Оскар Трехо во петтата минута стигна до предност.

До 33.минута, играчите на Атлетик успеаја да постигнат три гола. Во 14. израмни Ињаки Вилијамс, во 28. за 2.1 погоди Сансет, а помладиот Вилијамс, Нико, го постигна третиот гол во 33.минута.

Во вториот дел два гола ВАР му поништи на младиот напаѓач на Рајо, Камељо. Драма во финишот внесе ветеранот Фалкао. По само 45 секунди поминати во игра „Ел Тигре“ го совлада Унаи Симон и го постави конечниот резултат.

Scroll to Top