Репрезентацијата на Македонија на 13. јуни во Букурешт со почеток од 18:00 часот го игра првиот натпревар против Австрија во рамките на групата Ц од Европското првенство.
На денешниот брифинг со новинарите, Столе Димитриевски и Дамјан Шишковски ги споделија своите очекувања пред почетокот на Европското првенство и дуелот со Австрија.
„Не чувствуваме притисок, напротив. Се обидуваме да гледаме позитивно на првиот меч и тоа да ни биде дополнителна мотивација за натпреварот со Австрија, противник кој го знаеме многу добро. Австрија има исклучително квалитетен состав и веројатно очекувањата се најголеми од Алаба и Арнаутовиќ. Нашата одбрана и голманот мора да биде на високо ниво, тоа го работиме на тренинзите и се надевам дека ќе го исполниме на натпреварот. Сонот со пласманот на Европското првенство го исполнивме, но не мислиме да застанеме овде. Нашата цел е пласман во следната фаза, а првиот чекор за тоа е добар резултат против Австрија. Добро ги анализиравме, ова е сосема поинаков меч од нашите два претходно и се надевам дека ќе бидеме на високо ниво“, изјавил првиот голман на репрезентацијата, Столе Димитриевски.
Неговата замена Дамјан Шишкпвски вели дека Македонија нема да ги повтори грешките од претходните соочувања со о„Научивме многу од претходните два натпревари со Австрија.
„Костурот на австриската репрезентација се фудбалери кои доаѓаат од Бундеслигата и физички се многу силни. Сите фудбалери се максимално мотивирани, ќе дадеме сѐ од себе за да оствариме позитивен резултат. Ќе биде тежок натпревар, една грешка може да го одлучи овој меч. Ќе се обидеме да докажеме и покажеме дека сме подобар тим“.
Извор/ffm.mk