Top Sport

Димитриевски ќе го продолжи договорот со Рајо Ваљекано

Столе Димитриевски во наредните денови ќе го прдолжи договорот со Рајо Ваљекано, тврди „Ел Чирингито“. Актуелниот договор на македонскиот репрезентативец со клубот од „Ваљекас“ истекува на крајот од сезоната.

Дидејќи влезе во последните шест месеци од договорот со Рајо Ваљекано, неколку лубови покажаа интерес да го донесат Македонецот како слободен играч. Најчесто тој се поврзуваше со Севилја.

Сепак тоа нема да се случи и тој ќе остане во Мадрид.

Столе Димитриевски во Рајо Ваљекано пристигна на позајмица од Химнастик во сезоната 2018/2019, а на крајот од таа сезона Рајо го откупи неговиот договор.

Scroll to Top