Top Sport

Димитриевски ќе остане во Валенсија до 2028 година

Чуварот на мрежата на македонската репрезентација, Столе Димитиревски ќе остане во Валенсија. Клубот ја искористил можноста и без преговори го продолжи договорот со Димитриевски до јуни 2028 година.

Во договорот на Димитриевски, постоеше клаузула, според која клубот, со одреден надомест кон голманот, еднострано може да го продолжи договорот. Одлуката за клупските челници беше лесна, бидејќи Димитриевски одлично бранеше во вториот дел од сезоната, кога стана на голот на местото на повредениот Агирезабала.

Тренерот на Валенсија Карлос Корберан, има голем доверба во Македонецот, извесно е дека тој ќе биде прва опција на голот следната сезона.

Димитриевски во Валенсија пристигна во 2024 година, како слободен играч од редовите на Рајо Ваљекано.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');