Top Sport

Димитриевски меѓу тројцата кандидати за голман на Реал Мадрид!

Реал Мадрид покрај големите промени очекувани по заминувањето на Карим Бензема и најавеното пристигнување на Џуд Белингем, во текот на летото треба да го реши проблемот на резервен голман во тимот, и меѓу тројцата кандидати е и македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, јавува „Фичајес“.

Украинецот Андриј Лунин веќе најави желба за заминување поради малата минутажа која ја добива покрај Тибо Куртоа, така што веќе почнала потрагата за замена. Димитриевски, кој е на голот на Рајо Валјекано е еден од тројцата кандидати покрај Давид Сорија од Хетфе и Фернандо Пачеко од Еспањол.

Се смета дека Сорија е прв кандидат, бидејќи е произлезен од академијата на „кралевите“, а постои и добра врска помеѓу Реал и Хетафе. Тие го ценат голманот на 12 милони евра, но Реал ќе очекува помала сума.

Димитриевски, пак, има договор со Рајо до 2024 година, и има над 3.000 одиграни минути оваа сезона.

Scroll to Top