Top Sport

Димитриевски прими два гола, Бетис си замина со три поени

Реал Бетис стигна до 2:1 победа на гостувањето кај Рајо Валјекано, за, барем привремено, да се искачи на четвртото место во шпанската Ла лига, нанесувајќи им го првиот пораз по пет меча на тимот на Столе Димитриевски.

Бетис стигна во водство по само седум минути игра, кога по еден корнер, Димитриевски излета, но неговиот соиграч Алехандро Катена ја изби топката директно во главата на неговиот соиграч Иван Балиу и таа заврши во голот. Серхио Камелјо успеа да израмни за Рајо во 20. минута од мечот по лошата реакција на голманот на гостите, Руи Силва. Сепак, Бетис пак дојде до водство во 40. минута откако Димитриевски беше немоќен по ударот од далечина на Луиз Хенрике.

Бетис сега се четврти со 28 поени, четири поени зад Реал Сосиедад и поен пред Атлетико Мадрид, кои вечерва играат со Барселона, додека Рајо се на осмото место со 23 поени.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top