Top Sport

Димитриевски прими гол во 90. минута, Рајо загуби кај Осасуна

По одличниот старт на сезоната, Рајо Валјекано на македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски доживеа втор пораз во низа, откако примија гол во 90. минута за 2:1 пораз кај Осасуна, кои се искачуваат на четвртото место во Ла лига.

Иако веќе во втората минута имаше неверојатна одбрана за да спречи домаќините да дојдат во предност, Аимар Ороз го отвори резултатот во 48. минута за водство на Осасуна. Рајо врати преку Флоријан Лежон во 75. минута, пред Рубен Гарсија во 90. минута да го реши победникот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top