Top Sport

Димитриевски резерва – Реал го победи Рајо

Реал Мадрид го победи Рајо Ваљекано на „Ваљекас“ со 1:0, во 26.коло, на Ла Лига. Македонскиот репрезенттаивец Столе Димитиревски не доби шанса да брани, голот на Рајо го бранеше Лука Зидан.

„Краслкиот клуб“ и против Рајо потврди дека дека не е во форма. Се мачеа играчите на карло Анчелоти против цврстиот противник иако во првиот дел пропуштија две добри шанси, а ВАР поради офсајд го поништи голот на Каземиро.

Во второто полувреме, Тибо Куртоа се истакна со две добри интервенции. Дискутабилен беше и стартот на Каземиро врз Оскар Валенте во 60.минута, сепак судијата Де Мера реши да му покажа само жолт картон.

Клучниот момент се случи во 83.минута, кога Бензема и Винисиус ја надмудрија одбраната на Рајо, а францускиот ас го постигна голот за победа.

Scroll to Top