Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, се врати на голот на Рајо Валјекано првпат од 18 декември, а неговиот клуб успеа да се пласира во полуфиналето на Кралскиот куп со 1:0 победа над Мајорка.
По шпекулациите за интерес од Барселона и богата понуда од Саудиска Арабија, Димитриевски реши да остане во клубот од мадридските предградија, а долгата пауза беше предизвикана од неговиот позитивен тест на КОВИД-19.
Единствениот гол на мечот го постигна Оскар Трехо од пенал во 44. минута од мечот.