Top Sport

Дин Хендерсон не може да се опорави од КОВИД по три недели

Голманот Дин Хендерсон ќе го пропушти тренинг-кампот на Манчестер јунајтед во Шкотска бидејќи уште не е опоравен од добивањето на КОВИД-19.

24-годишниот Хендерсон се врати на тренинзите по повредата која го елиминираше од англиската репрезентација на ЕУРО 2020, но пред три недели беше позитивен на КОВИД-19 и уште не е доволно опоравен да работи со тимот.

Јунајтед ќе одат на краток тренинг-камп во Сент Ендруз, Шкотска, пред последниот пријателски меч од пред-сезоната против Евертон. Хендерсон повторно ќе се бори со Давид де Хеа за стартното место кај Оле Гунар Солскјер, откако се промовираше во прв голман во финишот на минатата сезона.

Јунајтед исто така не можат да сметаат на Маркус Рашфорд кој ќе оди на операција на рамото, но на тимот се приклучуваат капитенот Хери Мегваер, Арон Ван-Бисака, Лук Шо, Виктор Линделоф и Фил Џонс.

Scroll to Top