Top Sport

Во Русија го има и тоа – змија прекина меч, ја „средија“ со вила!

Од Русија честопати ни доаѓаат бизарни спортски вести, така што не изненадува што меч од нивната Руска Премиер лига беше прекинат, откако на теренот „влета“ – змија!

Дуелот на „Ахмат арената“ во Грозни, помеѓу домаќините Ахмат и ПФЦ Сочи во седмата минута беше прекинат кога во близина на пеналтикот се појави змијата, по што две службени лица реагираа и ја отстранија опасноста.

Мечот продолжи, но за домаќините не беше најдобро, откако во вториот меч од сезоната загубија со 1:2.

Scroll to Top