Top Sport

Динамо го објави решението за новиот стадион од 60 милиони евра

Фудбалскиот клуб Динамо Загреб, на социјалните мрежи, го претстави идејното решение за новиот стадион.

Визуелниот изглед на стадионот „Максимир“ го изработил архитектот, Ото Бариќ, а Динамо ги објави основните податоци и фотографиите на кои е прикажан новиот изглед.

Стадионот, со капацитет од 34.000 места за седење и 3.000 места за седење во ВИП делот, би требало да биде изграден за три години. Цената на овој објект, кој ќе ги исполнува сите критериуми на УЕФА ќе изнесува 60 милиони евра.

Scroll to Top