Top Sport

Маркез ќе вози на ГН на Португалија

Марк Маркез доби дозвола да вози на трката за Големата награда на Португалија, која ќе се вози на 18.април. Шпанецот, успешно ги минал сите медицински тестови.

Маркез, последната трка ја возеше во Херез на 19.јули, минатата година. Тогаш доживеа фрактура на надлактицата. Во изминатите девет месеци тој мораше да оди на три операции, последната му беше извршена во декември минатата година.

„Лекарите ми дозволија да возам. Беа ова тешки девет месеци, со многу моменти на неизвесност, подеми и падови. Конечно, повторно ќе можам да уживам во својата страст. Се гледаме во Портимао“, напишал Маркез на Твитер.

Големата награда на Португалија е трета трка во Мото ГП првенството, првите две им припаднаа на возачите на Јамаха, Маверик Вињалњес и Фабио Квартараро.

Scroll to Top