Top Sport

Динамо го очекува пекол на 40 степени на Кипар

Дуелот помеѓу Динамо Загреб и Омонија е еден од поинтересните во втората квалификациска рунда, за пласман во Лигата на шампионите. Првиот меч на програмата е вечерва, а домаќин ќе биде тимот чии дрес го носат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Динамо и пред да се одигра првиот меч, со мислите се веќе на реваншот за една недела. Планот на Кипраните е дуелот да го одиграат на температура од 40 Целзиусови степени, со што би стекнале предност на фаворитот.

Вакво сценарио на Омонија и успеа минатото лето кога по изведувањето на пенали ја елиминираа Црвена звезда.

Омонија го закажа реваншот за наредниот вторник во 17 часот, кога се очекува температурата да е околу 40 степени и да има голема влажност во воздухот.

На ова реагираше Спирос Неофитис, претседателот на Синдикатот на фудбалерите на Кипар. Тпј побарал натпреварот да започне два часа подоцна.

„Не ми е јасно зошто натпреварот Омонија го закажа за 17 часот. Тој период од денот е опасен за здравјето на фудбалерите. ФИФпро е задолжен да контролира вакви работи. Ние ќе инсистираме дуелот Омонија-Динамо да започне во нормален термин, кога условите за игра ќе бидат подобри. Ја известивме и УЕФА“, рекол Неофитис.

Scroll to Top