Top Sport

(Видео) Динамо го шокираше Бетис во Севилја, Ајакс во 97′ од 0:2 до 2:2

Фудбалерите на Динамо Загреб го совладаа Бетис во Севилја со резултат 1:0 (0:0) во првиот натпревар од плеј-офот во Конференциската лига.

Во здодевен натпревар, без многу темпо, во херој на Динамо израсна капитенот Бруно Петковиќ, кој реализираше пенал во 75. минута.

Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо, додека репрезентативецот Аријан Адеми не беше во протоколот бидејќи не е регистриран за настап во ова натпреварување.

Ајакс во Амстердам, со два гола во судиското надополнување на времето се спаси од пораз против Бодо Глимт. Норвежаните имаа предност со головите на Гронбек во 16. и 64.минута.

Ајкас од пораз го спасија Ван Бомен од пенал во 91. и Бергхујс во 97.минута.

Макаби Хаифа минимално славеше над Генк со 1:0, додека без голови заврши натпреварот Сервет-Лудогорец.

Scroll to Top