Top Sport

Динамо и Црвена звезда со полни каси го завршија учеството во ЛШ

Регионалните великани Динамо Загреб и Црвена звезда со полни каси го завршија учеството во Лигата на шампионите.

Динамо е најголемиот губитник оваа сезона. „Модрите“ го победија Милан во последното коло (2:1), освоија 11 поени, но завршија на 25.место. Гол разликата го елиминира Динамо од Лигата на шампионите. По 11 поени освоија и Манчестер сити, Спортинг Лисабон и Клуб Бриж.

Црвена звезда немаше никакви шанси за пласман во плејофот, но дополнително заработи со победата во Берн над Јанг Бојс (0:1).

Од учеството во Лигата на шампионите Динамо заработи речиси 40 милиони евра, а Црвена звезда приходуваше 32 милиони евра.

Најмногу пари во прелиминарната фаза собра Ливерпул. Поразот во Ајндховен го спречи да ја пробие магичната граница од 100 милиони евра. Освен „црвените“, само уште еден клуб ја надмина границата од 90 милиони евра, а тоа е Интер, додека блиску се Арсенал, Барселона, па дури и Атлетико Мадрид.

Вреди да се потсетиме дека УЕФА одлучи да ги награди осумте првопласирани. Клубовите кои изборија место во осминафиналето добија по 11 милиони евра. Истата сума ќе ја добијат и победниците од плеј-офот за место во топ 16.

Подоцна, кој ќе стигне до четвртфиналето ќе добие 12.500.000 евра, полуфиналистите уште 15.000.000, финалистите дополнителни 18.500.000, а победникот во Лигата на шампионите, во мај оваа година на Алијанц Арената во Минхен, ќе добие уште 10.000.000. од кои 6.500.000 за освојување на купот, а останатите 4.000.000, бидејќи автоматски ќе учествуваат во борбата за трофејот во Суперкупот на УЕФА.

Scroll to Top