Top Sport

Динамо ја освои двојната круна, Партизан со кам-бек против Младост (видео)

Динамо Загреб ја освои двојната титула во Хрватска, откако во финалето на Купот со 1:0 го совлада тимот на Хајдук, додека во Србија, Партизан е освојувач на Купот по пресвртот за 2:1 победа над Младост Лучани.

Човек на одлука на финалето на Хрватскиот куп во Винковски беше Марио Гаврановиќ, кој го постигна единствениот гол во 55. минута од мечот по грешката на одбранбениот играч на Хајдук, Савас. Претходно, Динамо без поголеми проблеми го освои трофејот од Првата лига на Хрватска.

Во Сурдулица пак, Партизан ја оправда улогата на фаворит и со 2:1 го совлада тимот на Младост Лучани, иако аутсајдерите прво дојдоа во водство. Младост поведе во 21. минута преку Тумбашевиќ, но прво Јанковиќ израмни во 31. минута, пред Здјелар во 62. минута да донесе трофеј за „црно-белите“. Шампионската титула во Србија оваа сезона ја освои Црвена звезда.



Scroll to Top