Top Sport

Динамо Киев има само 13 достапни фудбалери пред мечот со Барса

На супер-тешкото гостување на „Ноу Камп“ против Барселона, тренерот на Динамо Киев, Мирчеа Луческу ќе има само 13 достапни фудбалери, откако дури 9 фудбалери имаа позитивни тестови на КОВИД-19.

Во неделата, Динамо потврдија дека имаат шест позитивни фудбалери: Хеорхиј Цитаишвили, Денис Хармаш, Микел Дулунд, Олександер Каравеев, Тудор Балута и Микола Шапаренко. Претходно позитивни беша и Хеорхиј Бушчан, Виталиј Миколенко и Денис Бојко, а позитивни се и помошникот тренер Емил Караш и четири членови на придружниот тим.

Правилата на УЕФА велат дека секој тим мора да има 13 достапни фудбалери од А-тимот, и Динамо патуваше во Каталонија со точно толку играчи.

„Имаме само 13 фудбалери, така што нема многу простор за размислување на тактиката, така што само ќе играме фудбал. Ќе беше подобро да се одложеше мечот, но јас не го решавам тоа“, вели Луческу.

Scroll to Top