Top Sport

Динамо Москва го обнови интересот за Ристовски

Динамо Москва го обновиле својот интерес за македонскиот репрезентативец од Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски. Водечкиот спортски медиум во Португалија „А Бола“, пишува дека рускиот клуб ќе се обиде во јануарскиот преоден рок да го донесе Ристовски во своите редови.

Стефан Ристовски нема место во тимот на Спортинг кај тренерот Рубин Аморим. Динамо, минатото лето, понудиле 3.000.000 евра за неговите услуги. Спортинг ја прифатиле понудата, меѓутоа Ристовски одбил да се пресели во Москва. Во тој период тој имал надеж дека ќе успее да му се наметне на тренерот Аморим.

Ситуацијата сега е поинква и реално е Ристовски да ја прифати понудата од Москва. Него ќе му бидат потребни натпревари, за да ја одржи формата во пресрет на Европското првенство, кое ќе започне во јуни наредната година.

Scroll to Top