Top Sport

Динамо остана без договореното засилување

Динамо Загреб ќе остане без планираното засилување во нападот. „Модрите“ бараат замена за Бруно Петковиќ кој го напушти клубот.

Динамо со Интер постигна договор за позајмица на младиот напаѓач, Мартин Сатриано. И покрај тоа што клубовите постигнаа договор, Уругваецот одби да се пресели во Динамо, тој преферира трансфер во Франција.

Сатриано во Интер пристигна во 2020 година од Насионал Монтевидео. Играше за младинскиот тим, бидејќи не можеше да се избори за место во тимот покрај Лаутаро Мартинез, Един Џеко, Ромалу Лукаку и Хоакин Кореа.

Сатриано играше на позајмица во Брест, а минатата сезона ја мина во Емполи. Интерес за него, пред стартот на новата сезона, покажаа Брест и Монпелје.

Scroll to Top