Динамо Загреб ја освои својата 23. титула во историјата, откако на гости со 2:0 го совладаа Шибеник, за во последното коло од шампионатот да го пречека лутиот ривал Хајдук на „Максимир“.
Марко Толиќ во 39. минута и Петар Бочкај во 53. минута донесоа победа за тимот на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, а интересно до трофејот „модрите“ ги предводеа дури три тренери – Дамир Крзнар, Жељко Копиќ и Анте Чачиќ.
Ова е неверојатен 23. трофеј на Динамо во независна Хрватска, а тука се и четирите титули од поранешна Југославија. За споредба, Хајдук има шест титули во Хрватска, од кои последната во 2005 година.