Top Sport

Динамо со заработувачка од над 30 милиони – го продадоа Гојак на Торино

Динамо Загреб успеа да склучи уште еден голем фудбалски бизнис, продавајќи го босанскохерцеговскиот фудбалер од средниот ред Амер Гојак на италијанскиот Торино, со што заработија повеќе од 30 милиони евра ова лето.

23-годишниот Гојак ќе замине во Торино на едногодишна позајмица, по што „биковите“ ќе се обврзани да го откупат неговиот договор од 6 милиони евра. Гојак веќе шест години е кај „модрите“ откако ја почна кариерата во сараевскиот Железничар.

Со Динамо, тој освои осум трофеи, одигра 159 меча и постигна 15 голови, а за него беа заинтересиран и Евертон и Аталанта.

Гојак е последниот кој заминува од Динамо, откако претходно загрепскиот клуб ги продаде и Јошко Гвардиол (16 милиони евра), Никола Мора (8.5 милиони евра), Дамиан Кадзиор (2 милиони евра) и Емир Дилавер (милион евра).

Scroll to Top