Top Sport

Џиро: Каиседо победи на Етна, катастрофа за Томас и Јејтс

Еквадорецот Џонатан Каиседо е победник на третата етапа на Џиро Д’Италија, која се возеше во должина од 150 километри од Етна до вулканот Етна, во ден во кој фаворитите за победа во генерален пласман Герант Томас и Сајмон Јејтс имаа катастрофална трка.

Томас падна во неутралната зона и загуби многу време, додека Јејтс се мачеше на искачувањето на вулканот Етна и сега има огромен предизвик да се врати во конкуренција.

Каиседо победи со 10 секунди предност пред Италијанецот Џовани Висконти, додека Џонатан Кастровиехо беше трет со 51 секунда заостанување.

Scroll to Top