Top Sport

Динамо Загреб го освои хрватскиот Суперкуп (видео)

Голот на Амер Гојак во 42. минута беше доволен Динамо Загреб со 1:0 да ја совлада Риека и да го освои хрватскиот Суперкуп.

Гојак постигна фантастичен гол, а потоа почнаа чудните случки – судијата Зебец поништи два гола на Динамо, по што Ловро Мајер, кој влезе во 81. минута за „модрите“ за само четири минути доби два жолти картони.

Ова е шеста Суперкуп титула за Динамо, но и прво оддржување на хрватскиот Суперкуп од 2014 година (тогаш Риека со 2:1 го победи Динамо). Причината за ова беа двојните круни кои во тој период беа освојувани – Динамо во 2015, 2016 и 2018, а Риека во 2017.



Scroll to Top