Top Sport

Динамо Загреб во драма на „Максимир“ влезе во групната фаза на Лигата на шампиони

Динамо Загреб е последниот, 32. учесник во овогодишната Лига на шампиони, откако по драматични 120 минути на „Максимир“ успеа да стигне до 4:1 победа над норвешкиот Бодо/Глимт.

По гостувањето во Норвешка, каде што загубија со 1:0, „модрите“ има одличен старт – Мислав Оршиќ со малку среќа во во 4. минута донесе водство на Динамо, за Бруно Петковиќ по асистенција на Стефан Ристовски да постигне фантатичен гол во 35. минута за 2:0. Ова беше резултат кој ги водеше „модрите“ во ЛШ, меѓутоа во второто полувреме, норвешкиот клуб имаше повеќе од играта, и во 70. минута, замената Алберт Гренбек постигна гол за 2:1.

Во продолженијата двата тима имааа свои шанси, пред Јосип Дрмиќ во 117. минута да го постигне драгоцениот гол за домаќините, за во 120. минута да излезе сам пред голманот и да му асистира на Петар Бочкај за конечни 4:1.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, УЧЕСНИЦИ ВО ГРУПНА ФАЗА
Реал Мадрид (Шпа)
Барселона (Шпа)
Атлетико Мадрид (Шпа)
Севилја (Шпа)
Манчестер сити (Анг)
Ливерпул (Анг)
Челси (Анг)
Тотенхем (Анг)
Ајнтрахт Франкфурт (Гер)
Баерн Минхен (Гер)
РБ Лајпциг (Гер)
Борусија Дортмунд (Гер)
Баер Леверкузен (Гер)
Милан (Ита)
Јувентус (Ита)
Интер (Ита)
Наполи (Ита)
Пари Сен-Жермен (Фра)
Олимпик Марсеј (Фра)
Порто (Пор)
Бенфика (Пор)
Спортинг Лисабон (Пор)
Ајакс (Хол)
Ред бул Салцбург (Авт)
Шахтјор Доњецк (Укр)
Ренџерс (Шко)
Селтик (Шко)
Копенхаген (Дан)
Клуб Бриж (Бел)
Викторија Плзењ (Чеш)
Макаби Хаифа (Изр)
Динамо Загреб (Хрв)

Scroll to Top