Повремениот француски репрезентативец Лукас Дињ (25) го официјализираше трансферот во Евертон. Со екипата од „Гудисон парк“, Дињ потпишал пет годишен договор.
Евертон за трансферот на Дињ на Барселона и платил 18 милиони фунти.
„Не се плашам од предизвикот наречен Премиер лига. Возбуден сум, ова е нов и вистински предизвик. Да се игра во нова земја, во ново првенство, во голем клуб каков што е Евертон навистина сјајно“, рекол играчот кој има настапувано во Франција, Италија и Шпанија, во Лил, ПСЖ, Рома и Барселона.
„Играв добро во Рома и Барселона. Напредував многу како играч и како личност, бидејќи имав можност да играм со најдобрите играчи во светот“, рекол Дињ.
Дињ е второто засилување за Евертон во актуелниот преоден рок. Претходно за клупски рекорд меѓу „карамелите“ пристигна Бразилецот Ришарлисон од Вотфорд.