Новото засилување на Евертон, Лукас Дињ вели дека тетоважата на неговите гради не е во чест на Ливерпул и дека двапати имал шанса да игра за градските ривали на неговиот нов тим.
Францускиот лев бек, за кого Евертон платија 22 милиони фунти на Барселона, беше мета на социјалните мрежи по тетоважата на неговите гради кои велеше „Јас никогаш не одам сам“, што многумина ја протолкуваа како славната фраза на Ливерпул “You’ll Never Walk Alone“. Но, Дињ вели дека не е така.
„Мојата тетоважа не е за фудбалот. Можеби Ливерпул се љубоморни бидејќи двапати се обидоа да ме донесат, прво кога бев во Лил, а потоа и во ПСВ. Но, јас сум ’син’“, порача Дињ, кој потпиша петгодишен договор со клубот.