Top Sport

Циријак: Надал има подобро тело, но и подобар карактер од Федерер

Јан Циријак, поранешниот тенисер, а сега милијардер и сопственик на Мутуа Мадрид опен, вели дека многу повеќе го почитува Рафаел Надал од Роџер Федерер поради неговото однесување на теренот.

„Почитта кон Надал доаѓа бидејќи се работи за човек кој заработи милиони и освои многу турнири, но останува скромен и човек со две нозе на земја. Роџер Федерер можеби е многу повеќе талентиран од него, но телото и карактерот на Надал се многу подобро. Надал не можеш да го купиш во супермаркет, бидејќи се работи за човек кој е роден на вистинско место во вистинско време“, вели Циријак во интервју за „Ел мундо депортиво“.

Романецот исто така открива дека побарал од општинските власти на Мадрид да се изгради стадион од 10.000 седишта, но откако не добил одговор, признава дека е можно Мадрид опен да се пресели надвор од Шпанија.

„Зборував со Надал за тоа, и сигурен сум дека и тој сфаќа што значи ако шпанската престолнина загуби Мастерс 1000 турнир“, додава Циријак.

Тој исто така вели дека е нормално мажите да заработуваат повеќе во тенисот од жените.

„Жената која работи во модната индустрија заработува многу повеќе од мажот, но во тенисот работите се обратни. Економското влијание на женската турнеја е многу помало од машката турнеја“, завршува Романецот.

Scroll to Top