Top Sport

Дипломатот Зидан: Бејл е спектакуларен играч

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан открил дека немал можност да разговара со Герет Бејл пред неговото заминување за Лондон. Велшанецот вчера официјално се врати во Тотенхем откаде пред седум години, за тогаш рекорден трансфер, се пресели во Мадрид.

„Немав можност да разговарам со него. Но, знам што се има направено за овој клуб, тоа никој не може да му го оспори“, рекол Зидан.

Бејл оваа сезона ќе ја мине на позајмица во Тотенхем. Тој има договор со Реал до јуни 2022 година.

Зидан не се согласил со новинарите дека тој го исфрлил Бејл од тимот.

„Не е така. Комплицирано е …Јас никогаш не сум имал проблем со Герет Бејл…Тој сакаше промена, ние можеме да му посакаме се најдобро. Такви работи се случуваат во фудбалот, но јас секогаш сум говорел дека Бејл е спектакуларен играч“, рекол Зидан.

Scroll to Top