Top Sport

Директен црвен за Јаховиќ (Видео)

Адис Јаховиќ доби директен црвен картон по само половина час игра на натпреварот во Истанбул помеѓу Фенербахче и Коњаспор.

Јаховиќ намерно стапна на противничкиот играч Садик, во ситуација кога тој лежеше на тревата. Судијата по тој потег веднаш го исклучи поранешниот македонски репрезентативец.

Напаѓачот на Коњаспор се соочува со најмалку два натпревари суспензија, Инаку сезонава Јаховиќ има постигнато шест гола на 18 натпревари за Коњаспор.

https://twitter.com/KramponUefaTV/status/1096810383459913728

Scroll to Top