Top Sport

Гризман и Облак го победија Рајо Валјекано (Видео)

Атлетико Мадрид го поразија Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со 1:0 во 24 коло, во Ла Лига.

На „Валјехас“, Рајо беа подобар противник 75 минута, а покрај стрелецот Гризман, херој на Атлетико е голманот Облак. Словенецот имаше четири врвни интервенции со кои спречи пораз на својот тим.

При резултат 0:0, Облак два пати во првиот дел ги одбрани ударите на Енбарба, потоа во второто полувреме го запре и ударот на Де Томас, а во финишот кога неговиот тим имаше предност не му дозволи и Ба да постигне гол.

foto: epa

Од друга страна Димитриевски немаше работа, бидејќи неговите соиграчи играа одлично во одбраната. Пред голот на Гризман, Димитирески имаше работа само при обидот на Анхел Кореа.

При голот на Гризман во 74 минута, Димитриевски беше фатен на „крива нога“. При ударот на францускиот репрезентативец топката закачи еден играч од одбраната на Рајо и го смени правецот.

Рајо по некомплетното 24 коло остана на 18 место на табелата со 23 бода, додека Атлетко сега се втори со 47 бода.

Scroll to Top