Top Sport

Директорот на Сити: Нашиот успех не е купен со пари, Јунајтед, Челси и Арсенал трошеа повеќе

Генералниот директор на Манчестер сити, Феран Соријано инсистира дека успехот на „граѓаните“ не дошол поради нивното огромно трошење на трансфери посочувајќи кон ривалите Манчестер јунајтед, Челси и Арсенал.

Сити е наоѓаат на три меча до неверојатна тројна титула – играат во финалето на ЛШ против Интер, во финалето на ФА купот против Манчестер јунајтед и потребна им е една победа во преостанатите три меча во Премиерлигата да ја запечатат титулата. Со ова сезоната 2022/23 може да биде најголемата во клубот по пристигнувањето на Пеп Гвардиола и по преземањето на клубот од арапските инвеститори во 2008 година.

Иако Премиерлигата има официјална истрага за над 100 прекршувања на финансиските правила, Соријано инсистира дека во споредба со своите англиски ривали не трошеле премногу.

„Видете, само треба да ги видите инвестициите во играчи во Англија во последната година, последните три или пет години. Ние никогаш не сме клубот кој троши најмногу на играчи. Има други клубови кои инвестираат повеќе од нас – Челси, Манчестер јунајтед, Арсенал. Да се каже дека победуваме бидејќи трошиме многу пари едноставно не е вистина“, изјави Соријано по 4:0 победата над Реал Мадрид.

Бројките од популарниот сајт „Трансфермаркт“ делумно го потврдуваат нивното тврдење – во последната деценија, Челси се клубот кој потрошил најмногу.

ТОП 10 КЛУБОВИ СО НАЈМНОГУ ПОТРОШЕНИ ПАРИ ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ
1.Челси – 1.82 милијарди фунти
2.Манчестер сити – 1.5 милијарди фунти
3.Манчестер јунајтед – 1.45 милијарди фунти
4.Јувентус – 1.44 милијарди фунти
5.Барселона – 1.42 милијарди фунти
6.Пари Сен-Жермен – 1.29 милијарди фунти
7.Арсенал – 1.04 милијарди фунти
8.Ливерпул – 1.01 милијарди фунти
9.Реал Мадрид – 999 милиони фунти
10.Тотенхем – 960 милиони фунти

Scroll to Top