Top Sport

Директорот заврши во контејнер, хулигани го возеа низ улиците

Фудбалскиот клуб Десна од Украина, доби забрана да ги игра своите натпревари на стадионот „Гагарин“. Поради ваквата одлука навивачите се решија на радикален начин да го изразат незадоволството.

Тие од канцеларијата насилно го извлекле директорот на стадионот, Олександер Овчаренко, го пикнале во контејнер и го возеле низ улиците.

Подоцна, Овчаренко завршил во болница, со лесни повреди на главата.

Scroll to Top